Економија 25.12.2018 15:52

Истекува рокот за поднесување барања за субвенции за ориз, оризова арпа, градинарски или овошни култури и органско производство

Истекува рокот за поднесување барања за субвенции за ориз, оризова арпа, градинарски или овошни култури и органско производство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат земјоделските производители на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи дека денеска истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка.

„Пет денари за килограм ќе добијат земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони од хектар и тој да го предаде на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година.

Финансиска поддршка од три денари за килограм ќе може да добијат и сите земјоделци што произвеле и предале градинарски или овошни култури од годинашната реколта во преработувачките капацитети“, стои во соопштението на МЗШВ.

Барањата за финансиска поддршка, додаваат оттаму, се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември, односно денеска, а во прилог на барањето се доставува потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.