Референдумот не е анкета. Одлуката на граѓаните обврзува, е пораката што претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладнево ја упати во своето обраќање до нацијата, по вчерашниот референдум.
-Пред само неколку дена, од говорницата на Обединетите нации, Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека слободата, мирот и демократијата се можни само во суверени и независни држави. Вчера, македонскиот народ ја покажа својата суверена волја. Како и францускиот претседател Макрон, така и јас верувам во силниот идентитет на секој народ, верувам во историјата и амбицијата на нашиот македонски народ. Референдумот не е анкета. Одлуката на граѓаните обврзува. На референдумот вие граѓаните непосредно ја остварувате вашата суверена власт. Собранието таа одлука мора да ја почитува. Затоа, им честитам на Македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците и Власите за нивната одлука, порача македонскиот претседател во денешното обраќање до нацијата.