Вчера излезе извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија. Во економскиот дел тие не даваат некои добри пофалби и се кажува дека Македонија сеуште не ги подобрила клучните слабости во економијата.
Извештајот кажува дека има некој мал напредок но според експертите тој е минорен и нензачаен за периодот од скоро една година кој помина во кој според нив можеше да се направи многу повеќе на економски план.
Во извештајот се вели:
-„Клучните слабости на економијата остануваат. Тие вклучуваат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата неформална односно сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Макроекономското опкружување се влошило во првата половина од 2017 година, заради долгата политичка криза која лошо се рефлектирала и на обемот на инвестирањето. Фискалната политика е насочена само кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација“
Во извештајот се вели дека одреден напредок е направен во поглед на диверзификација на извозот и производство со повисока додадена вредност. Експертите коментираат дека ова се должи на странските директни инвестиции кои беа посебно изразени во изминатите 10 години и дека токму тие придонеле за диверзифицирање на извозот.
-„Економијата постигна одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Понатамошен напредок беше направен во насока на диверзификација на извозот и производство со повисока додадена вредност во производствениот сектор. Трговските и инвестициските односи со ЕУ продолжија да се интензивираат. Економијата сеуште страда од слабости во наставните планови, ниските стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено јавната инфраструктура„
Критикувани се и лошите и слабите реформи во образованието и секако недостатокот на инвестиции за кој постојано медиумите во Македонија и разни економисти предупредуваа. Економистите изјавија дека има одлив на капитал и скоро никакви странски инвестиции кои и те како ја потикнуваат иновативноста, преку префрлање на know- how и секако ова е тесно поврзано со менување на побарувачката на пазарот на трудот која мора да биде следена со реформи и измени во образованието.