– Се што успеавме да видиме е неспособност и незнаење, само црнила и неуспеси и донесоа на Република Македонија и на граѓаните, така што воопшто не веруваме дека и ова е уште една лага во низата лаги кои што се изнаслушавме во последните неколку години. Доколку навистина мислат да се фокусираат и да се стави фокусот на економијата и на се останато што е битно за оваа држава, здравството, образованието, земјоделието и друго, тогаш вистинскиот потег што треба да го направат е да ги распишат предвремените избори каде што сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие апсолутната поддршка од граѓаните на Република Македонија и само тоа е вистинскиот начин да се стави фокусот на економијата и се останато што е битно за граѓаните. Доколку се навистина искрени, тоа би било пред се за прв пат, тогаш треба дефинитивно да ги распишат предвремените избори и на тој начин ќе дадат можност за еден фокус во следната година на економијата- рече Јанушев.
Истовремено Јанушев упати порака дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која останува на одлуките на телата и органите на партијата низ годините наназад за непроменување на уставното име на државата.
ВМРО- ДПМНЕ во целиот овој период и во годините наназад, во однос на ова прашање има јасен став кој јасно, прецизно и концизно сме го кажувале буквално во секој наврат. За жал СДСМ и Заев се обидуваат тоа да го спинуваат цело време со постојано повторување на прашањата кои се нашите ставови. Еве јас уште еднаш ќе ги повторам јавно. Нашите ставови се базираат пред се на непромена на уставот со цел промена на уставното име и затоа токму ова што сега се случува не го прифаќаме, за нас е нелегитимен процес кој што на еден криминален и насилнички начин власта предводена од Заев се обидува да го истурка до крај. Всушност тоа е и целта на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е во еден од целите и основите на постоењето на партијата, поткрепено со многу низа на одлуки донесени на конвенциите на партијата, на централниот на извршниот комитет, меѓутоа биле и дел од самата партиска програма. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија од Македонија која во своите основни цели и задачи на постоењето се залага за влез во Европската Унија и НАТО- посочи Јанушев .