Актуелно 19.10.2018 19:59

Јанушев: Структури на власта вршат жестоки уцени, закани и притисоци врз пратениците

Јанушев: Структури на власта вршат жестоки уцени, закани и притисоци врз пратениците

Велат: „Ако не се бориш, веќе си загубил. Решеноста да се бориш значи половина добиена битка“. ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против оваа власт, влезе во битка за Македонија, во моменти кога на власт се наоѓа неодговорна, криминална и неспособна политичка елита.

Ова вечерва го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Денес се случува вистинска драма. Структури на власта и структури кои одработуваат за оваа власт, вршат жестоки уцени, закани и притисоци врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Собранието на Македонија се претвори во пазар и арена на притисоци, закани и уцени.  Денес добива совршена смисла се она што се случуваше во изминатава година ипол. Во Македонија се апсат луѓе заради политички прогон, а денес се пробува да се тргува  со нивната слобода. За возврат се бара поддршка на уставните измени, произлезени од договорот со Грција. Се ветуваат парични награди за послушните, а доколку не се прифати, се местат сведоци, се креираат случаи. Се врши влијание на блиски роднини на пратеници, се врши заплашување. Политичкото обвинителство да обвинува, политизираното судство да суди, а Заев да договара, товари или ослободува луѓе, обелодени Јанушев.

Тој посочи неколку примери.

-На еден пратеник му се понудени еден милион евра за да гласа за договорот. Истите се одбиени. На друг пратеник му се понудени два милиони евра, на трет 250.000 евра. Сето ова е одбиено бидејќи достоинството нема цена. Се работи за нашата татковина. Дополнително се активираат полициски структури, структури на безбедносните служби, а околината на самото Собрание е под опсата на ликови со бричени глави кои се познати на подземјето, рече генералниот секретар.

Наскоро поопширно…