Живот 19.09.2018 09:24

Како да се ослободите од негативната енергија

Како да се ослободите од негативната енергија

Има луѓе кои постојано привлекуваат погрешни луѓе, состојби или чувства и сето тоа го оправдуваат со – живот, судбина или сплет на околности.

Себе често се нарекуваат сурово реални (бидејќи за нив животот е токму таков) и тие што се смешкаат и не паничат околу ништо, се нарекуваат наивни луѓе со главата забиена во песок. Но, од кога тоа да се биде реален задолжително значи работите да се одвиваат во лош правец и дека тоа треба да се прифати како вистина?

Вистина е дека ако очекувате лошо, лошо и ќе ве најде. Па, дури иако се реални изгледите некоја ситуација да се разјасни во ваша корист и тогаш веројатно нешто ќе тргне погрешно како што не треба.

Ако сте благодарни само кога ви се случува нешто, според ваша проценка, добро, негативни сте. Да се чувствува благодарност за што било, значи да се биде позитивен и сигурно значи покана за добра енергија.

Ако верувате дека ви се случуваат работи, сами за себе ја лепите етикетата на жртва. Поточно, за се лошо што ќе ви се случи, виновно ви е небото, животот, она нешто, а кога се во тек поволни околности и исходи, заслужни сте вие и вашата работа, трудот и залагањето. Зарем не е чудно што за едно ги обвинувате надворешните околности и другите луѓе, а за друго вие ги собирате сите медали? На секого не му е пријатно да слушне, но сами ги креирате сите ваши животни околности, и добрите и лошите.

Ако сте одговориле со ДА на кое било од понудените прашања, во себе имате нешто негативна енергија која има тенденција да се зголеми.