Мозаик 05.12.2018 10:30

Како да си го спасите животот

Како да си го спасите животот

Сигурно многу пати сте слушнале како некој вели: “ме боли срцето” и во исто време како некој е “паметен”, па објаснува дека “срцето не може да боли, бидејќи нема рецептори за болка.

Иако може да се каже дека самиот срцев мускул не содржи рецептори за болка, срцето може да боли. И не само тоа, туку таа болка е една од најлошите кои човекот може да ги доживее.

– Срцето не е само срцевиот мускул, односно миокард. Тоа се состои од три слоеви, надворешен слој, перикард, потоа мускулите, миокард и внатрешен слој, ендокардиум. Самиот миокард не ги содржи рецепторите за болка, но обвивката, перикардот содржи, така што срцето и тоа како може да боли – вели д-р Тасиќ.

Сепак, дознавме многу повеќе за таај мистериозна болка на срцето, се покажало, не е само точно, туку е и многу важен индикатор на здравствената состојба на овој орган.

– Постојат два основни вида болки на срцето. Првиот е резултат на ангина пекторис, односно стеснување или блокада на коронарните артерии. Целосната блокада доведува до инфаркт на миокардот и тоа е една од најлошите болки кои човек може да ги доживее. Болката се јавува како резултат на недоволната исхрана на срцето, поради слабиот проток на крв – вели д-р Тасиќ

Пациентите кои страдаат од т.н. стабилна ангина пекторис, генерално немаат никакви проблеми додека не почнат да се искачуваат по скалите или одат надолу по ридот, а потоа се јавува болка.

– Другиот вид на болка е резултат на воспаление на срцевата обвивка или перикардитис – објаснува тој.

Значи, срцето може да боли и тоа многу интензивно, но она што е најважно е тоа што болката може да алудира на лошата состојба на органот и со тоа да му овозможи на пациентот да преземе некои мерки пред да биде премногу доцна.

Д-р Тасиќ изјави дека превенцијата е поефективна од лекувањето и ги повика луѓето да се јават на лекар ако почувствуваат болка во срцето, со цел да се утврди дали е потребно лекување, затоа што ако станува збор за срцев удар или болест која веќе отишла предалеку, тогаш лекувањето е многу потешко.

Во HISPA центрите постојат целосно обучени тимови на лекари и луѓето можат да им се обратат ако почувствуваат болка во срцето, која се опишува како специфично, досадно стегање во градите.

– А, кардиолозите се често и лекари за душата. Но, сепак постои одредена мистерија поврзана со болката во срцето, а тоа е кога срцето боли од невозвратена љубов, што медицината сѐ уште не може да објасни – се пошегува на крајот д-р Тасиќ.