Еден од советите е да не купуваме кога сме изморени, а eве и зошто…
Секој знае дека ако сакате да „ги доведете во ред“ вашите финансии морате да направите финансиски план. Економистите можат да ни дадат одлични совети, но најголемиот проблем се крие во тоа на кој начин да се придржуваме до нив до крај.
Да се разбере начинот на кој ќе успеете да се придржувате до планот кога еднаш ќе го донесете не е финансиски туку мотивациски проблем. За среќа, постојат ефективни стратегии кои можете да ги употребите за да се осигурате дека ќе се придржувате до донесените одлуки.
1. Бидете многу одредени и одлучни околу тоа што сакате да постигнете.
2. Морате да бидете сигурни дека вашиот план вклучува конкретни акции кои ќе ги преземете за да ги достигнете финансиските цели.
3. Никогаш не купувајте кога сте уморни, нервози, под стрес или гладни бидејќи токму тогаш самоконтролата е најслаба.
4. Кога ќе почувствувате дека сте почнале да трошите пари на непотребни работи сетете се на личноста на која добро и оди самоконтролата и која е финансиски одговорна.
5. На крај, почастете се по секоја фискално одговорна недела или месец за добро обавената работа!