Финансии 30.01.2019 12:45

Како финансиски да се преживее јануари

Како финансиски да се преживее јануари

Првиот месец од секоја година, на почетокот носи радост од празнувања, уживање во моментите поминати со фамилијата, патувања на разни дестинации. Главно во релаксација и безгрижност. Како поминуваат деновите, сепак, почнува да создава главоболка за тоа како финансиски да се преживее најдолгиот месец од годината.

Се чини како јануари да трае 47, а не 31 ден, а на социјални мрежи се шират шеги, каде сите буквално ги бројат деновите до плата.

Иако поради празниците, јануари е еден од најнезгодните месеци за почеток за штедење, експерти за финансии и инвестиции велат дека ова е вистинскиот момент да започнете дел од вашите пари да ги одвојувате на страна. Поради што? Па, бидејќи ако можеме во јануари, тогаш можеме и во февруари, март и секој следен месец.

Ако и понатаму ви делува дека е тешко, замислете дали би бил вашиот живот драстично подобар и поквалитетен ако добиете 5 отсто покачување на вашата плата? Одговорот е воглавно НЕ …

Од друга страна, замислете дали би бил вашиот живот драстично полош и неквалитетен ако ви ја намалат платата за 5 отсто? Одговорот е ист – воглавно е НЕ …

Дали би бил вашиот живот драстично полош и понеквалитетен ако одвоите 5 отсто на страна од вашата плата? Одговорот и овде е ист – воглавно е НЕ …

Поучена од ова искуство, а со цел да се промовира заштита на сопствениот буџет и важноста на континуирана сепарација на одредена, макар и мал износ на страна, финансискиот советник Каролина Хербут започна интересен предизвик и ги повика своите следбеници да се приклучат.

Се работи за 5% предизвик, кој беше замислен така што секој кој сака да учествува, до крајот на април, секој месец (јануари, февруари, март, април) веднаш кога тоа добива плата или други приходи, да одвои од тој износ најмалку 5 отсто на страна, во плико или на сметка и да ги заборави овие пари. А останатите 95 проценти да ги троши.

За оние кои би било тешко да го постигнат ова, им понудила можност секој да одвои најмалку 10 или 20 евра месечно.