Актуелно 27.04.2018 10:19

Како лажеше Анѓушев

Како лажеше Анѓушев

Актуелниот вицeпремиер вчера потпиша договор во кој ја продаде својата компанија ЕДС на грчкото електостопанство за 4,8  милиони евра . Инаку,  оваа компанија ја следеа голем број на скандали меѓу кои и сомнителни зделки со АД МЕПСО во кои јавноста реагираше дека има конфликт на интереси.

Но, Анѓушев, во интервју дадено на 17 јули 2017 година, уште тогаш кажа дека компанијата ЕДС е веќе продадена и дека тој се има откажано од сите менаџерски позиции. Оттогаш има поминато скоро неполна година за дури после тој период актуелниот вицепремиер во период на интензивирани разговори за името со Грција да потпише договор за продажба на ЕДС.

Анѓушев излезе и со порака до јавноста, кои ја критикува  продажбата и рече:

-Мислам дека денеска ќе се срамат сите оние кои од овој настан се обидоа да прават политички проблем, кои импутираа одредени дејствија врзани со политичкиот систем. Никогаш повеќе во земјава да не се меша приватниот бизнис и политиката, ова да биде заборавена историја, рече Анѓушев.

Прашање е зошто вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави прво минатата година во јули дека компанијата ЕДС е продадена, а сега истото го официјализираше со потпис. Дали неговото поставување на позицијата вицепремиер, минатата година, од газда на најголемите компании за електрична енергија кои го поседуваат скоро 90 % од пазарот на електрична енергија во Македонијане е мешање на бизнис  и политика?