Идејата или теоријата дека секој сам себе си “создава” болест веќе не се класифицира во екстремната алтернатива на која секој западен лекар ги превртува очите во неверување.
“Кога размислуваш, колку се плашиш, колку веруваш или не веруваш, колку си подготвен да се бориш и прифаќаш”, сето тоа некаде се “запишува” во телото.
Таквиот опис на болки или болест и нарушување можеби можат да ви помогнат подобро да го разберете своето тело и своите мисли и нивната приврзаност. Се разбира, секој човек е личност за себе, иако за поголемиот дел вреди следново:
Главоболка
Глаболката се појавува кога се казнувате себеси. Мигрената ја имаат оние кои сакаат да бидат совршени и самите создаваат притисок под кој живеат. Има тука и многу потиснат гнев.
Синуси
Очи
Проблемите со очите укажуваат дека има нешто за себе, вашето минато или за иднината што не сакате да го видите. Негирањето и желбата да “не гледате” тоа што се случува, предизвикува проблеми во сетилото за вид.
Слух
Проблемите велат дека има нешто што не сакате да го слушнете. Болката во увото вели дека сте лути поради нешто што сте го слушнале. (Дали забележавте дека партнерот на лицето кое многу зборува има проблеми со слухот?)
Коса
Косата е моќ. Кога сте напнати и исплашени, создавате “челични окови” кои почнуваат во мускулите на рамото и се шират кон врвот на главата, а понекогаш и во пределот околу очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост која трае подолго време, скалпот се собира, косата не може да дише и затоа умира и паѓа. Се случува ќелавост.
Глава
Кога нешто не е во ред со вашата глава, тоа значи дека чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата ја покажувате на светот и по неа ве препознаваат.
Врат и грло
Вратот ја претставува вашата способност да бидете флексибилни во размислувањето, да можете да ја согледате другата страна и да го видите мислењето на другите луѓе. Кога имате проблем со вратот, значи дека сте биле тврдоглави во проценувањето на својата ситуација, уверени дека вашето гледиште е единственото исправно.
Грлото претставува способност да кажете што мислите, да барате што сакате. Кога ве боли од грлото, тоа значи дека мислите дека немате право на таков став. Не се грижите за себе и сте го потиснале гневот. Ларингитис значи дека сте толку лути, што дури и не можете да зборувате. Грлото е и креативен проток низ телото. Ако вашата креативност е задушена, може да имате проблеми со грлото. Исто така, ако се обидувате да се промените или сте среде промена, ќе забележите промени во грлото.
Раце
Рацете претставуваат способност да ги опфатите сите искуства на животот. Горниот дел е поврзан со способности, а долниот со вештини. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во промена на правецот во животот. Секој прст има свое значење. Ако го исечете показалецот, во вас се гневот и стравот поврзани со егото во моментот. Палецот претставува грижа, средниот прст секс и гнев, домалиот прст заедништво и тага, а малиот прст има врска со семејството и преправањето.
Грб
Ако имате проблеми со грбот, може да значи дека сметате дека околината не ве поддржува доволно. Горниот дел од грбот е поврзан со чувството на недостаток на емоционална поддршка (сопруг, сопруга, шефот не те разбира). Средниот дел е поврзан со чувството на вина – кога боли, се плашите да погледнете што е зад вас. Стравот дека нема да имате доволно пари, дека ќе живеете во сиромаштија се изразени во болките во долниот дел од грбот.
Бели дробови
Белите дробови претставуваат способност на давање и земање во животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е дека се плашите да го земате она што ви треба или можеби чувствувате дека немате право да живеете живот каков што сакате.
Гради
Мајчински принцип. Ако имате проблеми со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчински, заштитнички однос кон некоја личност, место, работи или искуството.
Срце
Срцето претставува љубов, а крвта е радост. Срцето пумпа радост низ телото. Кога во животот си скратите радост и љубов, вашето срце се собира, вреска и станува “ладно”. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, ангина пекторис или инфаркт. Луѓето кои преживеале срцев удар никогаш не биле среќни за животот.
Желудник
Желудникот ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Имате болка во желудник? Што или кого не можете да сварите? Или, кои нови искуства не можете да ги асимилирате? Исплашени сте.
Нозе
Нозете носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат на тоа дека постои страв од движење, да се оди напред или двоумење да се тргне во одредена насока. Кога нешто не сакате да работите, ќе имате проблеми со нозете.
Колена
Колената се флексибилност. Како и грбот. Тие, исто така, ја изразуваат способноста за прилагодување, гордост, самопочит, тврдоглавост. Кога ве мачат колената, запрашај се каде сте си толку тешки, немилосрдни, одбивате да се прилагодите.
Стапала
Стапалата се поврзуваат за разбирање на себеси и на животот околу себе, минатото, сегашноста и иднината.
Кожа
Кожата ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата, чувствувате дека сте на некој начин загрозени, дека другите ве контролираат и со вас владеат.
Премногу килограми
Вишокот од килограми претставува потреба за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита да не бидат повредени, обесхрабрени, критикувани, измамени. Тие имаат страв од живот.
Болка
Болка од секаков вид зборува за чувство на вина. Вината секогаш бара казна, а казната е болна. Хроничната болка е хронично чувство на вина толку длабоко вкоренета што човекот не е ни свесен за тоа.