Актуелно 15.09.2018 00:28

Каракачанов до Заев: Старите финти веќе не поминуваат!

Каракачанов до Заев: Старите финти веќе не поминуваат!

„Не верувам дека сегашните политичари се разликуваат по нешто од старите. Се надевам дека ќе имаат повеќе разум и ако си мислат дека со старите финти – прво да зборуваат едно во Софија, едно во Брисел, а друго во Скопје и да си мислат дека финтата ќе им помине – тоа нема да се случи. Ако си мислат дека Бугарија ќе ги поддржи утре за членство во НАТО и во ЕУ и тие да си ги прават старите финти, тоа исто така нема да се случи. Процесот на воведување на бугарско самосознание во Македонија е неповратен. Нашата цел е да ја натераме македонската Влада да се однесува според европските норми и правила и да ги почитува“, изјави Каракачанов.