Актуелно 11.10.2018 17:51

Каракамишева: Целта на СЈО е да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, вакви квази-органи прават несогледлива штета за угледот на државата

Каракамишева: Целта на СЈО е да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, вакви квази-органи прават несогледлива штета за угледот на државата

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи се огласи по вчерашното објавување на новите шест истраги на СЈО. Таа уште еднаш го потенцираше нејзиниот став дека целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ! Неуставно обвинителство во функција на лов на вештерки…кажано 100 пати, вреди уште толку за да на сите им дојде умот дека вакви квази-органи прават несогледлива штета за угледот на државата, пишува Каракамишева на Фејсбук.