Актуелно 02.11.2018 20:24

Клучниот сведок на СЈО сведочи во корист на Јанакиески

Клучниот сведок на СЈО сведочи во корист на Јанакиески

На денешното рочиште за случајот на СЈО „Топлик“, клучниот сведок на обвинителството истакна дека записникот бил направен поодамна и на увид ја земале документацијата врз база на која е распишан  повикот.

Сведокот, односно претседателот на првата комисија која составила записник за недостаток на определена документација потврди дека при правењето на записникот ја немале на увид документацијата врз база на која е распишан јавниот повик.

Таа потенцираше дека самата побарала да биде сменета од комисијата и не била член на 2-рата комисијата, како и дека за тоа немала увид над документацијата според која е распишан повикот.