Комисијата за хартии од вредност бара од Министерството за финансии измена на Законот за персоналниот данок на доход со што предлага да се продолжи рокот на примена на ослободувањето од оданочување на капиталната добивка остварена со продажба на хартии од вредност и тоа најмалку до 31 декември 2021 година или пак до денот на пристапувањето на Македонија во ЕУ.
„Целта на иницијативата е да се овозможи натамошно раздвижување на пазарот на хартии од вредност, зголемен промет и ликвидност, а сето тоа во насока на унапредување, развој и промоција на пазарот на капитал, велат од Комисијата.