Актуелно 19.04.2018 11:00

Кина го интензивира купувањето на американски долг

Кина го интензивира купувањето на американски долг

Кина го зголеми износот инвестиран во американските државни обврзници, и покрај зголемените трговски тензии меѓу двете најголеми светски економии.

Според американското Министерство за финансии, Кина во февруари инвестираше дополнителни 8,5 милијарди американски долари во американски обврзници, со што вкупниот долг на САД, кој го држи Кина изнесува  до 1,18 трилиони долари.

Така, шпекулациите се  дека Пекинг со ова ќе го намали притисокот врз американскиот долг за  да изврши притисок на претседателот Доналд Трамп и неговото гледиште за трговската политика, пишува The Business Diary.

Аналитичарите истакнуваат дека ваквиот чекор е мотивиран од вишок во трговијата со САД.

Европските купувачи купуваа обврзници за 22 милијарди долари во февруари, додека Јапонија продаваше обврзници во вредност од 14 милијарди долари

Најнови вести