Компании 15.11.2018 18:02

Кинески производител на автомобили планира продажба во САД

Кинески производител на автомобили планира продажба во САД

Кинескиот производител на автомобили „Зотје авто“ планира во 2020 година да почне со продажба на возила во САД.

„Зотје“ најави дека ќе работи со американскиот партнер, фирмата HAAH Automotive Holdings. Двете компании во заедничко соопштение наведоа дека првиот модел за американскиот пазар ќе биде теренско возило, но не се објавени дополнителни детали, пренесе агенцијата АП.

Со ова „Зотје“ им се придружи на кинеските производители на автомобили кои изразија амбиција да влезат на американскиот пазар.

Оваа приватна компанија, чие седиште се наоѓа во Хангџоу, југозападно од Шангај, исто така развива електрични возила за „Форд“ наменети за кинескиот пазар.

Американската агенција додава дека „Генерал моторс“ и шведската компанија „Волво“ во САД увезуваат возила произведени во Кина и дека кинескиот производител BID Auto продава автобуси за американските транспортни компании.