Живот 26.12.2018 17:08

Кога почнуваме да старееме

Кога почнуваме да старееме

Научниците откриле дека стареењето почнува со слабеење на когнитивните функции на мозокот, што се случува меѓу 40 и 45 години.
Во научниот свет веќе со години траат дискусиите за тоа што точно значи старост и кога таа настапува.

Едни мислам дека таа почнува со застој на растот на организмот, а други дека тоа се случува со стареење на кожата или „попуштање“ на внатрешните органи.

Но, француските научници веруваат дека почетокот на стареењето почнува со слабеење на когнитивните функции на мозокот и тврдат дека тоа не се случува во 60-те години, туку меѓу 40 и 45 годишна возраст, а кај некои луѓе дури и порано.

Истражувајќи го стареењето, научниците дошле до заклучок дека осаменоста сериозно може да го намали животниот век и дека оние што така се чувствуваат имаат двапати поголем ризик за смрт.