Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ЕТЕМИ ФАТМИР е вториот предложен член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка се дозна од утринската одлука на банката соопштена преку Македонска Берза.
ЕТЕМИ ФАТМИР е актуелен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).
Етеми бил Член на Управен одбор на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Член на совет на Македонска развојна фондација за претпријатија.
Според Банката тој засега нема акции во истата.