Актуелно 14.05.2018 11:03

КОЈ Е ЕТЕМИ ФАТМИР кој Комерцијална банка го предлага за член на Надзорниот одбор?

КОЈ Е ЕТЕМИ ФАТМИР кој Комерцијална банка го предлага за член на Надзорниот одбор?

Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ЕТЕМИ ФАТМИР е вториот предложен член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка се дозна од утринската одлука на банката соопштена преку Македонска Берза.

ЕТЕМИ ФАТМИР е актуелен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Етеми бил Член на Управен одбор на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Член на совет на Македонска развојна фондација за претпријатија.

Според Банката тој засега нема акции во истата.

Врз основа на член 47 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Собранието на Банката, на седницата одржана на 14.06.2018 година, донесе предлог одлука Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми да се предложени за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.