Актуелно 18.09.2018 09:14

Колку милијардери има Македонија?

Колку милијардери има Македонија?

Единаесет компании за шест месеци направиле нето приходи поголеми од една милијарда денари односно 16,3 милиони евра (по компанија). Најголема е ОКТА, а во првата петорка се уште: Макпетрол, Телеком, Алкалоид и Арчелор Миттал ЦРМ. Зошто на овие фирми „банките им стојат мирно“? Затоа што заедно единаесетте најголеми имаат нето приход од 760 милиони евра за половина годинаТие се дел од 101 компанија и тие заедно имаат нето приход од 1,16 милијарди евра

Единаесет македонски компании имаат нето приходи поголеми од една милијарда денари односно 16,3 милиони евра за првите шест месеци годинава, покажуваат официјални податоци кои ги објави Македонската берза за хартии од вредност и се достапни на следниот линк https://www.mse.mk/mk/news/13/9/2018/summary-of-financial-data-of-listed-mse-companies

Кој направи најмногу пари ?

Во елитното друштво има вкупно 11 компании. Тие се: ОКТА, „Макпетрол“, Македонски Телеком, „Алкалоид“ (консолидиран), Арчелор Митал ЦРМ, „Макстил“, „Пекабеско“, „Усје“, „Фершпед“ (консолидиран), „Гранит“

Компанија со најголеми нето приходи во земјава е скопската рафинерија ОКТА. Тие за половина година изнесуваат 197 милиони евра. Тие се повисоки за 22,7 милиони евра во споредба со лани. На второ место е најголемата компанија која врши трговија на мало со нафтени деривати и со стоки за широка потрошувачка „Макпетрол“. За првите шест месеци тие изнесуваат 157,8 милиони евра. Во големата петорка се уште: Македонски Телеком со 81,3 милиони евра, „Алкалоид“ со 77,8 милиони евра и Арчелор Миттал ЦРМ со 53,8 милиони евра.

*во оваа класификација не се вклучени банките заради природата на нивната дејност

Компанија Нето приходи
ОКТА 197 милиони евра
Макпетрол 157,8 милиони евра
Мак.Телеком 81,3 милиони евра
Алкалоид (конс.) 77,8 милиони евра
Арч.Миттал ЦРМ 53,8 милиони евра
Макстил 47,8 милиони евра
Пекабеско 35,4 милиони евра
Усје 30,6 милиони евра
Фершпед (конс.) 30,3 милиони евра
Гранит 28,8 милиони евра
Мермерен комбинат 19,1 милиони евра