Дали би готвеле и консумирале почесто леќа кога би ги знаеле сите нутритивни бенефити од оваа зрнеста храна?!
Археолошки ископувања во близина на денешна Сирија дојдоа до херметички затворени садови полни со зрна леќа, што укажува дека леќата се сметала за вреден продукт од природата уште пред нашата ера. Тешко е да се одреди кога точно оваа зрнеста храна станала примарна во исхраната на човекот, но археолозите откриле голема продавница за зрнеста храна во склоп на антички локалитет кој датира од 6.800 година пред нашата ера. Со оглед на оваа долго патување низ историјата на човештвото, можеби е чудно што денес малкумина имаат свест за придобвките за здравјето од редовното конзумирање леќа.