Актуелно 08.01.2019 22:04

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, a таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пренесе ТВ 24.

Тунтев се сели во Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.

Новиот координатор на СДСМ сè уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски.

Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.