Банкарство 10.12.2018 12:01

Кредитен рејтинг за граѓани кои се или ќе сакаат да се задолжат кај банките

Кредитен рејтинг за граѓани кои се или ќе сакаат да се задолжат кај банките

Од следната година граѓаните ќе добијат личен кредитен рејтинг. Тоа ќе им помогне ако бараат, полесно да добијат кредит, а на банките да им го одобрат. Лесно достапна ќе им биде и информацијата кој и по кој основ им ја блокирал сметката. Ова се двете новини кои што ги најавува Македонското кредитно биро за следната година. Велат дека оваа реформа ќе ја спроведат со меѓународни финансиски институции.

За секој граѓанин е важно да знае во ова време на динамика каде должи, што должи и колкав износ на обрски има да може и да има увид и да не се соочи со со зголемување на трошоците во надмирување на обврските“, рече Тони Трајанов, Кредитно биро.

Освен граѓаните, и компаниите имаат простор да добијат извештај и да видат со кого ќе соработуваат. А, Кредитното биро има и податоци за 320 компании од странство.

Важна е таа одлука при донесување затоа што знаеме со какви проблеми се соочуваат одредени компании при носење на деловните одлуки“, додава Трајанов.

Директорот вели дека има интерес за податоци и од страна на граѓаните, но и од страна на фирмите. За десет години откако функционира ова Биро, издадени се над 3,3 милиони извештаи. Според податоците на Кредитното биро околу 1,4 милиони граѓани и околу 100.000 фирми во Македонија имаат кредити, заеми или неплатени сметки.

Податоците покажуваат дека во државата вкупно 1,2 милиони граѓани се задолжени на кредитни картички, а 140.000 се жиранти. Македонското кредитно биро располага со информации за сите обрски кои ги имаат граѓаните кон фирмите, банките, државните и јавни институции.