Актуелно 01.10.2018 23:05

КУРИР АНАЛИЗА: Ако пред две години ви беа потребни 2000 денари да го наполните резервоарот, сега истото „задоволство“ ќе ве чини 2900 денари

КУРИР АНАЛИЗА: Ако пред две години ви беа потребни 2000 денари да го наполните резервоарот, сега истото „задоволство“ ќе ве чини 2900 денари

Енормното зголемување на цената на горивата директно го засега секое семејство што поседува автомобил. Ако пред две години ви беа потребни 2000 денари да го наполните резервоарот, сега истото задоволство ќе ве чини околу 2900 денари.

Малопродажната цена на дизелот пред точно две години изнесуваше 46 денари по литар.

Од 1 јануари годинава се зголеми акцизата за нафта за 3 денари, а како што најавија тогаш од Владата со таа мерка се очекува да се соберат дополнителни приходи од 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то во Буџетот, односно тоа се околу 32 милиони евра дополнителни трошоци за граѓаните. При тоа малопродажната цена на дизелот се зголеми за 3,54 денари.

Во меѓувреме последните месеци цената на нафтата континуирано забележува вртоглав раст. Така, со последната одлука на РКЕ од утре новата цена на дизелот ќе изнесува 67 денари по литар што споредено со пред две години изнесува зголемување од неверојатни 46%.

 

И големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето. И покрај најавите дека на 60 илјади земјоделци ќе им се дадат таканаречени зелени картички за набавка на нафта и поврат на дел од потрошените пари, ретко кој земјоделец поседува таква картичка.

Последна информација беше дека министерството за земјоделство ветило дека оваа мерка ќе се реализира до крајот на април, а веќе на почетокот на октомври нема ништо од тоа. Земјоделците велат дека мерката била лошо конципирана. Наместо да чекаат поврат на парите, бараат да плаќаат половина од сумата или пак, Владата да се откаже од акцизата на нафтата што се користи во земјоделството.