Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, во неговата неколкудневна посета на Велика Британија денеска оствари средба со поголем број на политичари, пратеници и членови на извршната власт.
Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, при што стана збор за соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија во областа на безбедноста. Добрите односи помеѓу двете земји треба понатаму да се негуваат и да се продлабочуваат.
Дополнително Ѓорчев оствари средба и со лордот Џорџ Робертсон и пратеникот од редовите на Конзервативната партија Грег Хендс, при што стана збор за актуелната состојба во Република Македонија, со особен акцент на влошената економска состојба, политичкиот прогон и нарушувањето на демократските процедури од страна на власта и бројните потфрлања на владата на СДСМ.