Направете домашен лут чај кој веднаш помага за грип и настинка.
Се што ви требат е 1 лажиче рендан ѓумбир, 1 лажица мед, 1 лимон (сок) и 250 милилитри вода врела.
Се става ѓумбирот во шолја, се става врела вода, се додава мед и лимон и се пие.
Иако кај нас не е распространет и употребуван како, на пример, во Британија, ѓумбирот е дефинитивно едно од растенијата кои би требало да почнете да ги консумирате за подобро здравје.
Што е ѓумбирот?
Ѓумбирот (Zingiber officinale), е ризом, растение кое расте длабоко под земјата и разгранува корени кои се јадат.
Секое ѓумбирово растение може да порасне до висина од еден метар, и да произведе 2-5 грутки ѓумбир, кој се бере еднаш годишно. Откако коренот на растението се откопува и кине, се мие и се суши на сонце. Откако се припремува како што треба, може да се користи за готвење и за медицински цели.
Ѓумбирот како лек
Со оглед на тоа дека ова растение потекнува од југоисточна Азија, не не’ изненадува тоа што кинеските и индиските исцелители го имале ѓумбирот како важен дел од нивната торба со лекови илјадници години.
Во стари индиски текстови ѓумбирот се споменува како „универзален и одличен лек“. Стара индиска поговорка вели дека „се’ што е добро може да се најде во ѓумбирот“. Традиционалната кинеска медицина тврди дека ѓумбирот „го поправа уништениот јанг“ и „го брка студеното“.
Во сегашно време, бидејќи ѓумбирот расте на топли и влажни места, се култувира и одгледува во Кина, Индија, Австралија и Јамајка. Кина и Индија произведуваат најголем дел од ѓумбирот во целиот свет.
Денес, ѓумбирот се’ уште се користи и како храна, и како лек. Модерната западна наука ги има потврдено неговите бенефиции при лечењето на голема палета на здравствени состојби.