Мозаик 27.12.2018 23:08

Лутата пиперка е лек за многу болести

Лутата пиперка е лек за многу болести

Она што лутата пиперка ја вбројува меѓу најдобрите лековити билки е тоа дека таа е во состојба да направи неверојатни нешта за многу кратко време.

Во современиот свет реткост е да се сретне човек кој не е болен. Да почнеме од најобичните симптоми како што се главоболката, заморот, несоницата, проблеми со низок или висок притисок. Ова се само предупредувања дека подоцна, ако човек ги игнорира, ќе се развијат потешки заболувања.

Прво да ја анализираме главоболката и да кажеме зошто тоа се случува и како лесно може да се реши.

Главоболката може да се случи од неколку причини, еве неколку од нив: недоволна наспиеност, претходна алкохолна интоксикација, слаба циркулација, дехидрација. Решавање на проблемот на лишување од сон е едноставно, она што ние треба да направиме е да легнеме на време, што значи најмалку до 22 ч.

Зошто е тоа важно? Затоа што тогаш се лачат хормони кои помагаат квалитетно да се одмориме и да се подготвиме за следниот ден. Кога ќе легнете на време сигурно нема да бидете уморни, ниту пак ќе имате главоболка поради ненаспиеност. Во врска со алкохолната интоксикација, и воопшто алкохолот, во принцип, знаеме дека и минималната количина може да биде штетна.

Само два пијалока неделно го зголемуваат ризикот од рак. Уште еден проблем ќе го решиме ако не консумираме алкохол, затоа што знаеме дека алкохолот е диуретик (ја црпи водата од организмот).

Врз основа на ова, може да дојде до главоболка или болка. Проблемот на болката може да се јави и при лоша циркулација која е чест случај со луѓето кои се хранат главно на храна од животинско потекло.

Ние знаеме дека мастите од храната од животинско потекло ги прави крвните садови непроодни, така што крвта не може нормално да циркулира низ телото до органите.

Така што тука се јавува во првиот момент болка, а подоцна може да доведе до тромб или некое малигно заболување.

Луѓето често знаат да ги игнорираат предупредувањата, што на крајот води до задоцнето откривање на болеста, што лекувањето го отежнува. Ние мора да запазиме дека дехидратацијата е чест случај кај современиот човек. Современиот човек скоро и да не пие вода. Најчесто консумира кафе, газирани сокови, чаеви, сокови.

Мораме да кажеме дека 2/3 од човекот сочинува вода. Водата е еден од најважните фактори кои и без неа сигурно не можеме да живееме. Тоа може лесно да се реши со тоа што ќе пиеме 2 литри вода на ден.

По неколку часа ќе почувствувате олеснување, целото тело ќе почне да работи подобро и ќе се реши проблемот на дехидратацијата. Ќе имате подобра столица, ќе се подобри функцијата на органите, едноставно ќе бидете поздрави. Гледате, само со неколку работи можете да донесете многу добро за себе и за своето тело. Не мора да земате лекови за болка и секој час да трчате во аптека.

Еден автор рекол дека е срамота да се биде болен во 21 век. Тоа е точно, медицината толку напредувала што е срам да се биде болен. Се разбира, постојат случаи кога човекот толку многу ќе ја уништи својата здравствена состојба што треба да започне да зема и лековити билки кои можат многу да му помогнат.

Едно од најдобрите растенија, за добра циркулација, за запирање на крварење, за отстранување на болката е, секако, лутата пиперка.

Сега се поставува прашањето, која лута пиперка и во која мерка треба да се консумира. Еве некои видови на лути пиперки кои можете да ги консумирате: Habanero, Piri Piri, Cayenne или некоја со јачина до 100. 000 HU (heat unit – единица на јачина).

Можете да купите домашна, но и тие обично не се полути од 40.000 HU што нема да биде доволно да се подигне организмот кој е во сериозна состојба. Дневната доза на лута пиперка, за почеток, треба да биде 3 кафени лажички, па сѐ до 6 лажици дневно.

Лутата пиперка, исто така, го запира крварењето. Она што треба да направите кога ќе се пресечете е мелената пиперка да ја ставите на рана и наскоро ќе се запре крварењето.

Ако имате проблем со синусите, исто така можете да користите лути пиперки. Што треба да направите? Треба да се инхалирате со алеева пиперка – колку што е можно повеќе лута.

Ќе видите како ќе ви биде подобро по првиот третман. Како ќе го направите тоа? Сварете вода и додадете 1 лажичка мелена лута пиперка, а потоа навалете се врз тенџерето и покријте се со крпа.

Така треба да издржите неколку минути. Можеби и ќе почнете да кивате и ќе ви биде тешко, но навистина ќе ви помогне. Она што лутата пиперка ја вбројува меѓу најдобрите лековити билки е тоа дека таа е во состојба да направи неверојатни нешта за многу кратко време.

Дури се случувало човек кој доживеал срцев удар да биде оживеан, благодарение на лутата пиперка. Која е тоа хемиска супстанца која лутата пиперка ја прави најдоброто средство за циркулација? Тоа е алкалоидот capsaicin (C18H27NO3).

Германскиот фармаколог, Rudolf Buchheim, 1873 година, и унгарскиот лекар Endre Hőgyes откриле дека “kapscisol” (делумно чист capsaicin), предизвикува чувство на печење кога доаѓа во контакт со мукозните мембрани и стимулира лачење на желудечниот сок.

Capsaicin-от е најчестиот capsaicinoids во лутите пиперки. Вториот по застапеноста е dihydrocapsaicin.

Споредувајќи ги овие две соединенија со другите капсаициноидите (nordihifrokacpaicin, homodihidrokapsaicin и homokapsaicin) се добива многу чуден резултат, имено capsaicin-от и dihydrocapsaicin-от се двојно потентни во реагирањето со нервите, кога се користи раствор во кој концентрацијата на капсаициноидот е иста како и во пиперките (разреден раствор), меѓутоа, ако користиме високо концентриран раствор на капсаициноид, секој од наведените капсаициноиди е подеднакво моќен.

Капсаицинот најверојатно се синтетизира во интерлокуларните септи на лутите пиперки. Почетните супстанци за синтеза на капсаицинот се две амино киселини, фенилаланин и валин.

Фенилаланин се трансформира во ванилиламин, во фенил пропаноидот, а валин се трансформира во 8-метил-ноненска киселина, која со помош на капсаицинот синтетаза со ванилиламинот гради капсаицин.

Американската асоцијација за истражување на ракот, спровела истражување во кое е докажано дека капсаицинот може да уништи клетки на ракот на простата, индуцирајќи апоптоза (клеточна смрт).

Испитувањата се спроведени врз човечките тумори на простата, кои се одгледувани во глувците. Се покажало дека туморите третирани со капсаицин се намалиле за една петтина, во споредба со оние кои не биле третирани со било каков друг агенс.

Исто така, истражувањата на Универзитетот во Нотингем, покажуваат дека капсаицинот индуцира апоптоза на хуманите (човечки) клетки на рак на белите дробови. Постојат испитувања во Јапонија и Кина, чии резултати укажуваат на тоа дека капсаицинот делува како инхибитор на растот на клетките кои се одговорни за појавата на леукемија. Ние, исто така, можеме да кажеме дека лутата пиперка ги стимулира цревата да се празнат така што им се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со запек.

Да резимираме, ако имате здравствени проблем, секако ви советуваме дека почнете да јадете лути пиперки. Тоа ќе ви помогне во краток временски период да имате подобри резултати.

Постојат уште многу работи за кои можете да користите лута пиперка, но ова се само некои од нив. Осознајте ја вистината, и вистината ќе ве ослободи!