Мозаик 13.09.2018 17:18

Маџун – моќен лек од времето

Маџун – моќен лек од времето

Жителите на селата во Тиквешкиот регион во своите подруми чуваат маџун кој е стар и по неколку децении, а е наследен од нивните баби и дедовци. Велат колку постар е маџунот, толку е и полековит.

Овој збор може да се слушне и во Македонија и во Турција, но маџунот изгледа различно во двете земји. Кај нас, тој е лек и дел од здравата исхрана, а во Турција тој е бонбона. Во Македонија често го користеле сиромашните, а во Турција султанот Сулејман Величествениот и помогнал на својата мајка да оздраве со помош на овој моќен лек.

Овој гроздов засладувач е густ како сируп или мед и е моќен напиток за јакнење на имунитетот. Велат дека тој потешко се прави од виното, но е добар бидејќи им помага на луѓето како лек.

Се препорачува за мали деца, но и за возрасни и спортисти. Тој е лек кој помага при настинки, инфекции на дишните патишта, нарушена функција на хепарот поради жолтица или алкохолозам, при психички пореметувања и прекумерна тежина. Тој е 100% природен производ кој можете да го користите  и како замена за шеќер.

Богат е со витамини, минерали, танини, флавоноиди и енергетски супстанци. Се добива со варење на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје.