Финансии 07.12.2018 15:54

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11.-30.11.2018 година вкупниот промет изнесувал 356.200.666 денари и е намален во однос на октомври за 50,19 отсто. 

Класичното тргување изнесува 327.722.888 денари и е намалено во однос на октомври за 42,39 отсто кога изнесувало 568.838.626 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.646.078 денари и обврзници во вредност од 6.076.810 денари.

Блок трансакциите за ноември изнесувале 28.477.778 денари и се намалени за 78,72 отсто во однос на октомври.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.804  и е намален за 29,91 отсто во однос на октомври кога изнесувал 2.574.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална банка, следи Стопанска банка АД Скопје, а Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2018 година можете да го погледнете тука.