Финансии 09.11.2018 15:39

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10.-31.10.2018 година вкупниот промет изнесувал 715.116.199 денари и е зголемен во однос на август за 47,90 отсто. 

Класичното тргување изнесува 568.838.626 денари и е зголемено во однос на септември за 60,77 отсто кога изнесувало 353.818.953 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 528.112.415 денари и обврзници во вредност од 40.726.211 денари.

Блок трансакциите за октомври изнесувале 133.845.900 денари и се зголемени за 3,19 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувал 2.574  и е зголемен за 39,66 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.843.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а НЛБ Банка го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2018 година можете да го погледнете тука.