Актуелно 07.11.2018 21:36

Масовен протест пред Кривичниот суд во Скопје, граѓаните порачаа: „Правда за Груевски“

Масовен протест пред Кривичниот суд во Скопје, граѓаните порачаа: „Правда за Груевски“

Голем број граѓани се собраа вечерва пред Кривичниот суд на протестот за поддршка на експремиерот Никола Груевски.

Со пароли „Стоп за политичкиот прогон“ и „Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба“, насобраните граѓани изразија поддршка за Груевски.

Исто така тие побараа и од Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да го прекине прогонот врз експремиерот.

„Самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ, почитувачи на ликот на Никола Груевски пред зградата на судот дојдовме да упатиме неколку пораки. Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сеуште во Владата и секојдневно се користи. СЈО има една цел, а тоа е уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не можат да служат во судска постапка. Ги охрабруваме судиите да работат согласно на законите. Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар кој има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски, бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата, изјави Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ кој ги презентираше барањата на демонстрантите.