Луѓето и понатаму се подложни на природна селекција како и другите видови, тврдат научниците, па и во модерното време преживуваат само најсилните.
Бракот не го успори нагонот за селекција, преживување и размножување. Експертите истакнуваат дека неодамна откриле дека токму поради тоа мажите изгледаат се подобро и подобро.
Тие се развиваат и стануваат се попривлечни, поубави и поинтелегенти за да бидат што поуспешни во размножувањето. Сексот со повеќе партнери ја зголемува веројатноста за подобар репродуктивен успех.
Сепак, кај жените тоа не е така
Финските научници кои ги проучуваат луѓето и еволуцијата детално ги прегледале податоците на шест илјади Финци родени меѓу 1760 и 1849 година. Ги провериле нивните економски статуси, датумите на раѓање, смртта како и брачниот статус за да ги утврдат основните фактори на природната селекција, а тоа се добата на возрасни, успешноста во пронаоѓање партнер, успешноста и размножувањето и плодноста.
Податоците били исти и кај Финците кои живееле во градовите, како и окај оние кои живееле во руралните подрачја.
Таа земја инаку има еден од подобрите состави на складирање на податоци благодарејќи на деталните црквени записи кои се воделе поради даночните долгови.
– Целосна заблуда е дека еволуцијата од многу одамна е завршена и дека мораме да гледаме назад за да можеме да се разбереме себе си. На луѓето и понатаму делува и природна и сексуална селекција, објасни др. Лума од Универзитетот Шефилд.
Коавторот на студијата др. Коуртол изјави дека подобрувањето на карактеристиките на на мажите ја зголемува успешноста на размножување и дека тие затоа еволуираат побрзо, додека тие особини не ја зголемуваат успешноста на размножување кај жените.
– Тоа е затоа што сексот со повеќе партнери докажано го зголемува репродуктивниот успех повеќе кај мажите отколку кај жените. Изненадувачки, истото подеднавко се однесува и на богатите и на сиромашните, додаде Коуртол.