Грција се врати кон раст, иако скромен, што ќе продолжи и во 2019-та година, но ризиците од влошување на економските услови и понатаму се значајни. Ова е проценка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој продолжува да се сомнева дека земјата може да го расчисти својот долгорочен долг.
Грчката економија, која излезе од рецесија во 2017-та година, постигнувајќи раст од 1,7 отсто, би требало да се зголеми за 2 проценти во оваа година и за 2,4 отсто во 2019-та, се наведува во објавеното годишно оценување на економијата на ММФ.
Се очекува високата стапка на невработеност полека да се забави од 21,5 проценти во минатата година на 19,9 проценти во 2018-та година и до 18,1 проценти во 2019-та година.
Сепак, овој напредок се соочува со значителни ризици, истакнаа експертите на Фондот, со оглед на заострувањето на кредитирањето, политичкиот календар на земјата и опасноста од „заморот од реформите“.
По потпишувањето во јуни на договор за излегување на Грција од програмите за помош кои дејствуваат веќе осум години, голем број високи функционери на Фондот стравуваат дали земјата ќе може да ги исчисти своите обврски во долгорочна перспектива.
Овие членови на Одборот на директори на Фондот ја нагласуваат потребата за евалуација која се врши врз основа на реални претпоставки за растот и буџетските цели.
Договорот со европските кредитори предвидува олеснување на долгот на Атина (178 отсто од бруто домашниот производ на земјата и е највисок во Европа) преку продолжување на периодите на расчистување на обврските, за да се осигура довербата на пазарите во можностите на земјата да ги извршува своите должности.
Во извештајот ММФ признава дека иако мерките за ублажување на должничката бреме да го отвораат пристапот до финансирање во среднорочна перспектива, тоа подобрување на задолженоста на земјата тешко може да го задржи ова темпо.
Без понатамошно намалување на долгот, на Атина би можела да и биде тешко да го задржи својот пристап до финансиските пазари на долг рок, ММФ повторно предупредува