Европската унија и НАТО не се непријатели на Русија, рече германската канцеларка Ангела Меркел за време на состанокот со студентите од Грузискиот
државен универзитет во Тбилиси, пренесе МИА.
– Русија е важна земја и Германија сака да има добри односи со неа. Европа и Русија ефикасно соработуваат и учат едни од други, па затоа сакам да истакнам дека ЕУ и НАТО не се
непријатели на Русија, рече Меркел.
Таа додаде дека го поддржува влезот на Грузија во НАТО, но, таа земја најверојатно нема наскоро да и се приклучи на Алијансата.
– Интеграцијата на Грузија во НАТО подразбира имплементација на договореното на самитот на НАТО, рече Меркел, додавајќи дека го поздравува активното учество во мировната мисија во Авганистан.
Меркел: ЕУ и НАТО не се непријатели на Русија
