Живот 19.09.2018 09:24

Методи за одморање на очите

Методи за одморање на очите

Екраните на мобилните телефони, таблетите, компијутерите, лошото осветлување, греењето и климата – сите овие фактори можат да предизвикаат зголемен замор на очите.

Овој проблем се препознава со симптомите како што се сувост и иритираност на очите, замаглен вид, потешкотии во фокусирањето на одредени предмети, болка во главата и вратот.

Важно е на време да го препознаете проблемот и да посетите офталмолог, а покрај тоа постои и метода наречена „Палминг“ која може да ви помогне да го ублажите заморот на очите.

Седнете на столица и силно протијте ги дланките една од друга се додека не се загреат.
На столицата ставете неколку перници на кои ќе ги потпрете лактите и надлактите и потоа покријте ги отворените очи со дланките, но немојте да го допирате ниту пак да го притискате окото.

Прстите на рацете би требало да бидат целосно споени, со цел очите да бидат во целосна темнина.

Топлината на дланките и отсуството на светлина во времетраење од пет до 10 минути ќе ви помогне да ги одморите очите во текот на денот.