Актуелно 30.07.2018 19:58

Мицевски: Самоволието на владата и владеачкото мнозинство не застануваат

Мицевски: Самоволието на владата и владеачкото мнозинство не застануваат

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од собраниската говорница истакна дека самоволието на СДСМ во парламентот продолжува, а денешната седница на која се гласаше за референдумот е само доказ за тоа.

Имено, Мицевски истакна дека во своето обраќање неговиот колега од СДСМ, пратеникот Томислав Тунтев, како да говорел за нешто сосема друго, а не за референдум за промена на името, и говорел како Македонија веќе да е дел од Европската Унија и НАТО.

Тој напомена дека во ниеден момент Тунтев не ја споменал одлуката за распишување на референдум.

-Со обраќањето на колегата Тунтев се чувствував како да сме земја веќе влезена во ЕУ и НАТО и дека зборуваме за образованието и другите бенефити кои што ние како земја ги имаме внатре. Меѓутоа денеска како точка на дневен ред имаме сосема една друга работа. Денеска имаме предлог одлука за распишување на референдум и не слушнавме ниту еден збор околу точката на дневен ред и околу она што се содржи во одлуката за распишување на овој референдум. Самоволието на владата и владеачкото мнозинство не застануваат. Закажувањето на седницата, денешната и добивањето на материјали се само потврда на сето она што се случува, изјави Мицевски.