Актуелно 05.07.2018 21:24

Мицкоски: Ако Заев бараше поткуп од 200.000 евра за земјиште, можеме само да замислиме какви куферчиња и амфори се во игра сега за договорот за името

Мицкоски: Ако Заев бараше поткуп од 200.000 евра за земјиште, можеме само да замислиме какви куферчиња и амфори се во игра сега за договорот за името

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија вели дека ако Заев за работа која што требало да ја заврши по закон како градоначалник барал мито од 200.000 евра, можеме да замислиме какви куферчиња и амфори се во игра сега за договорот за името со Грција.

-Ако за таа работа барал мито која што требало да заврши, којзнае што е во прашање за овој таканаречен договор за кој што говориме, ако знаеме дека често пати во минатото разно разни куферчиња и амфори беа во прашање и истиот тој советник кој што тогаш ги нудел на Глигоров, гледаме дека сега како несебично го брани ова  капитулантско дело,  истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека тоа е суштината и клучното зошто Република Македонија не доби датум за преговори со Европската Унија, бидејќи во земјата нема никакви реформи во судството.

– Видовме како непримерно и недостоинствено и ниско обвинува пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за нешто што не е вистина, но затоа пак заборави да каже дека истото тоа судство на него му додели ослободителна пресуда за нешто што целата македонска јавност го гледаше и слушаше, нагласи Мицкоски.

Најнови вести