Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев во тесна спрега со министерството за финансии продолжуваат да ве лажат. Министерството за финансии грубо ја манипулира јавноста во Република Македонија кога стануваа збор за состојбата на државниот и јавниот долг во Република Македонија, истакнува во своето видео обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој објави документ на кој е прикажана состојбата на јавниот и државниот долг која што е објавена на веб страницата на министерството за финансии со пресечна дата 23 април 2018 година, т.е. денес.
-Имено вкупната состојба на јавниот долг изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра, додека пак вкупната состојба на државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра. На следниот слајд овие бројки се кажани и споредени со БДП повторно извор ни е веб страницата на министерството за финансии, пресечна дата 21 април 2018 година. Лесно може да се забележи дека бројката која што е објавена а изнесува јавен долг во Република Македонија е 46,7% од БДП, односно бројката која што е објавена а се однесува на државниот долг е 38,7% од БДП во Република Македонија. Станува збор за две различни бројки кои што понатаму реферираат и две различни вредност на БДП, а тоа веќе може да се види на следниот слајд кој што ќе биде прикажан во продолжение. Имено кога вкупниот јавен долг ќе се подели со процентот ќе се добие вредност на БДП од 10 милијарди и 250 милиони евра. Додека пак доколку бројката на државниот долг се подели со процентот ќе добиеме различна вредност на БДП, а би требало да добиеме иста т.е. 10 милијарди 228 милиони евра. Разликата е 22 милиони евра, но ова се однесува на она што било претпоставено проектиран раст на БДП од страна на Министерството за финансии, нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека односно реалната состојба која што беше објавена на почетокот на април, а со пресечна дата 23 април 2018 година т.е. денес, изнесува дека БДП во Република Македонија базиран на реални податоци и објавен од Државниот завод за статистика е 10 милијарди и 66 милиони евра, што е различно од она што беше презентирано на претходниот слајд.
-И така сега бројките кои што го одразуваат јавниот и државниот долг процентот од БДП ќе бидат различни и тоа може да се види на следниот слајд. Кога реалниот јавен долг ќе се подели со реалниот БДП ќе добиеме бројка од 47,55%, што е различно од она што е објавено од министерството за финансии, 46,7% односно грешката е нешто повеќе од 85,5 милиони евра. Додека пак државниот долг кога ќе се подели со реалниот пораст на БДП добиваме процент од 39,32% што е различно од 38,7% кои што беа објавени од страна Министерството за финансии, или грешката е нешто повеќе од 62,4 милиони евра. И покрај вака тешката и катастрофална состојба во македонската економија и покрај економското цунами кое што ја има зафатено Република Македонија, граѓаните не треба да губат надеж. Доаѓа нова енергија, доаѓа ново утро! Доаѓа нова надеж за Република Македонија, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.