Актуелно 05.07.2018 21:26

Мицкоски: По која случајност токму омилената судијка на власта суди сега за 27-ми април?

Мицкоски: По која случајност токму омилената судијка на власта суди сега за 27-ми април?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Топ тема“ се осврна на реформите во судството. Тој притоа потсети на изјавите од луѓето кои поднесоа оставки од комисијата за реформи во судството дека не прифаќат да фингираат реформи.

Нивните укажувања биле дека ако се зафатат да го реформираат судството тогаш треба да се прават суштински реформи, а она што тие сега го прават е далеку од тоа.

-Такво нешто вие го премолчувате, настанува драмска тишина и тогаш се појавува јунакот и вика јас ќе застанам на чело на тоа тело и ќего реформирам. И резултатот на тоа е извештајот на ГРЕКО каде што викаат не само што не го реформиравте него и го уназадивте. Како токму преку АКМИС системот омилената судијка на оваа власт го добива случајот за 27-ми април, по која формула, по која случајност, вели Мицкоски.

Најнови вести