Актуелно 23.09.2018 11:03

Милошоски: Му благодарам на Макрон што кажа дека Заев лаже, значи референдумот е за северна не за европска Македонија

Милошоски: Му благодарам на Макрон што кажа дека Заев лаже, значи референдумот е за северна не за европска Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодари на како што вели искрениот француски Претседател Макрон, што во видео порака се обрати за референдумот. Милошоски вели дека тој имал доблест да го каже она што го лажат Заев и Димитров.

-Макрон: референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)! Макрон: референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека “Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)! Макрон: референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев) Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту “М” од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот). Затоа, благодарам Претседателе Макрон. Вашето обраќање ќе му помогне на нашиот БОЈКОТ како демократска одбрана на нашиот Устав, име и достоинство!, напиша Милошоски на Фејсбук.