Актуелно 24.09.2018 19:37

Милошоски: Попусто им е скапата пропаганда, болните и изнемоштените бојкотираат

Милошоски: Попусто им е скапата пропаганда, болните и изнемоштените бојкотираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој води кампања за бојкот на референдумот, констатира дека драстично намалената бројка на болни/изнемоштени избирачи кои се пријавени за гласање во домашни услови (споредено со Локалните избори 2017), покажува дека и покрај сите притисоци, и покрај скапата пропаганда, оние граѓани кои со негласање ќе изразат револт кон власта и Договорот, ќе бидат побројни од оние кои ќе гласаат:

Референдум 2018/ локални 2017
К. Вода 6 / 25
Битола 28 / 208
Велес 14 / 250
Гостивар 14 / 194
Градско 14 / 40
Берово 32 / 124
Св. Николе 44 / 150
Ресен 36 / 68
Карпош 21 / 51
Кичево 30 / 270
Брвенца 0 / 25
Росоман 10 / 41
Пехчево 19 / 56

„Затоа бидете сигурни дека ќе успееме, за правото на Република Македонија, секој од Вас со својата самодоверба, за честа на вашиот род, за достоинството на нашиот народ!
#Бојкотирам“, пишува Милошоски.

Најнови вести