Тој потенцира дека едноставно СДСМ кажале дека ниту планираат да ги ИЗГРАДАТ патиштата ниту пак да РАБОТАТ на било какви нови проекти.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски преку социјалните мрежи ја искоментира изјавата на министерот Горан Сугарески кој рече дека никогаш не ветиле 600 километри автопати во Македонија. -Пу Пу Не важи! После една година конечно и еден “искрен” одговор од оваа влада, а тоа секако е дека никогаш ниту ветиле ниту планирале да се изградат 600 километри автопати, 550 км регионални и 1000 км локални патишта, пишува Мисајловски. Тој потенцира дека едноставно СДСМ кажале дека ниту планираат да ги ИЗГРАДАТ патиштата ниту пак да РАБОТАТ на било какви нови проекти.
-Тоа што постојано влегуваат од лага во лага не е ништо ново, но да си играте со интелигенцијата на народот е навредливо и срамно. Не само што ВЕТИВТЕ туку ви беше едно од најголемите ветување заедно со 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, итн…..пишува Мисајловски на Фејсбук.