Актуелно 28.11.2018 23:05

Мисајловски: Градоначалниците не работат, министерствата се нефункционални, го креваме гласот потив колапсот низ цела Македонија

Мисајловски: Градоначалниците не работат, министерствата се нефункционални, го креваме гласот потив колапсот низ цела Македонија

Продолжуваме со протестите. Сакам да ги повикам сите граѓани што го гледаат ова црнило, што ги гледаат овие темни облаци, постојано во Република Македонија, гледаат колапс во економските политики, истакна во вестите на Канал 5, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски посочи дека освен граѓаните и бизнис заедницата не е задоволна.

-Имаме градоначалници кои за една година ништо  не работат, имаме нефункционални министерства. Можеме да видиме играат игри, спијат на седници, имаме загадување во Скопје, загадување во Македонија и сите оние реални теми кои се постојано околу нас, но никого од Владата не го допираат. Тие не сакаат да работат и да посветат внимание. Дојдовме тука да го кренеме својот глас, рече Мисајловски.

Тој најави дека освен во Скопје, протести ќе има и во другите градови низ Македонија.

-Колапсот е насекаде и ние мора да го кренеме нашиот глас. Протестираме за многу работи, а секако едно од најважните прашања се уставните измени и за сето она што се случуваше во изминатиов период. Од една страна имаме класичен политички прогон, каде има прогон врз пратеници, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и сегашни, но и на многу граѓани. Исто така, го креваме гласот и против тој прогон, рече Мисајловски.

Целото негово гостување, погледнете го во продолжение: