Актуелно 12.11.2024 13:55

Мисајловски: Кралството Холандија со силна поддршка во процесот на нашата интеграција кон Европската Унија

Мисајловски: Кралството Холандија со силна поддршка во процесот на нашата интеграција кон Европската Унија

Утрово остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Н.Е Озлем Чанел, на која и посакав успешна дипломатска мисија и унапредување на одбранбената билатерална соработка со Холандија, објави Министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-На средбата на која што присуствуваше и одбранбеното аташе потполковник Јурген Флајшман, разговаравме за можностите за искористување на националните капацитети на двете земји во доменот на военото образование, обуката и заедничките армиски вежби, потенцираше Мисајловски.

-Благодарност до Кралството Холандија за силната поддршка во процесот на нашата интеграција кон Европската Унија. Сојузничката соработка во рамките на кооперативна безбедност, управување со кризи и колективна одбрана е од особена важност за нас и за НАТО, наведе во објавата Мисајловски.