Работна посета на Обединетото Кралство, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Утрово во Лондон имавме работен појадок со специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дама Карен Пирс. На средбата разговаравме за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и новите безбедносни закани како и за развојот на одбранбената соработка помеѓу нашите земји. Обединетото Кралство за Македонија е еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата. Нашата одбранбена соработка е исклучително силна и видлива, особено преку големиот број заеднички активности и британската поддршка во развојот на одбраната и Армијата, истакна Мисајловски.