Актуелно 27.03.2025 12:36

Мисајловски се сретна со висока делегација од НАТО Алијансата

Мисајловски се сретна со висока делегација од НАТО Алијансата

Денеска остварив средба со висока делегација од НАТО Алијансата предводена од генералот и заменик директор за одбранбено планирање Фредерик Готије и Стјуарт Ендрјус висок политички експерт и известител за Македонија, кои од вчера заедно со тим експерти од Министерството за одбрана учествуваат на годишните билатерални одбранбени разговори со Алијансата, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

  • Разговаравме за процесите за спроведување на одбранбените реформи, плановите за развој на одбранбените способности, досегашните искуства на Алијансата како и за препораките од НАТО-тимот за исполнување на НАТО целите на способности. Пред НАТО-тимот уште еднаш ја потврдивме заложбата на Министерството за одбрана за континуирани реформи и развој на одбранбените способности во служба на националната и колективната одбрана, истакна Мисајловски.