Актуелно 11.07.2018 23:03

Мисајловски: Условена наместо чиста покана за НАТО и држава заложник на штетниот договор на Заев

Мисајловски: Условена наместо чиста покана за НАТО и држава заложник на штетниот договор на Заев

Наместо аплауз, Македонија со оваа Влада издвојува уште еден пораз. Условена, наместо чиста покана за НАТО и држава заложник на штетниот договор на оваа Влада, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил.

-Треба реално гледање на работите и ниту една лажна еуфорија не го покрива лошиот живот на граѓаните.
За да се подобри тоа, не се потребни розевите очила на власта, туку многу РАБОТА каква за жал не гледаме, додава Мисајловски.