Актуелно 16.07.2025 09:13

Мисајловски во официјална посета на Обединетото Кралство

Мисајловски во официјална посета на Обединетото Кралство

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посетата, Мисајловски ќе има средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе се сретне и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

Во Лондон министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински ќе се сретат и со министерот за услуги, мали бизниси и извоз Томас Гарет.