Финансии 04.06.2018 11:42

Младите прифаќаат работа во Македонија само ако платата е над 20.000 денари

Младите прифаќаат работа во Македонија само ако платата е над 20.000 денари

Повеќе од половина невработени млади во Македонија со више и високо образование на возраст до навршени 24 години би прифатиле работа само доколку платата изнесува од 20.000 до 30.000 денари, гласи во анкетата што ја публикуваше Заводот за статистика.

Точно 50,5 насто од оваа категорија првенствено би започнала да работи само ако толку изнесува првата плата. Само 2,2 насто од нив би се вклучиле во работен процес ако личниот доход не е повисок од 12.000 денари. Од преостанатите, 4,8% бараат прво што ќе им се исплати да биде повисоко од 30.000 денари, 35,9% би биле задоволни и би прифатиле од 16 до 20 илјади, а 6,3% се подготвени да излезат од дома и да се договорат со работодавачите за понуда од 12 до 16 илјади.

Поскромни се очекувањата кај постарите образовани кој во меѓувреме се без работа, а поголемиот дел од нив се со поголемо работно искуство. 44,2 проценти би прифатиле вработување за плата од 20 до 30 илјади, а 12,6 проценти приход од 12 до 16 илјади. Само 28,4 проценти кај оние од 50 до 64 години им е најважно платата да биде од 20 до 30 илјади.

Инаку општо кај младите невработени до 24 години, без разлика на степенот на образование, безмалку половина, односно 47,2 насто чекаат повик за плата од 12.000 до 16.000. Понатаму следуваат: 27,8%(16.000 – 20.000), 11,8%(8.000 – 12.000), 10,6%(20.000 – 30.000) и 0,8 (30.000 – 40.000).

Вкупното работоспособно население на возраст од 20 до 24 години инесува 70,115. Стапката на вработеност изнесува 25,8 насто во 2017, додека стапката на невработеност е 44,8 насто.